ПОЧЕТНА

„Презентација на нови мерки и програми за земјоделци“ организирана од општина Македонска Каменица

Во организација на општина Македонска Каменица, на 09. Октомври 2018 година (вторник), во просториите на Дом на култура со почеток од 15:00 часот, ќе се оддржи „Презентација на нови мерки и програми за земјоделци“ кои ги нуди Владата на Република Македонија преку Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство. На едукативната средба со земјоделците од Општината…

Сменети се последните метри азбестни цевки од водоводната мрежа во Македонска Каменица

Сменети се последните 110 метри од азбестна водоводна мрежа во општина Македонска Каменица. Целосно е завршен процесот на отстранување на канцерогените водоводни цевки на целата територија од градот. Со тоа општина Македонска Каменица ја остварува својата заложба како локална самоуправа да им обезбеди чиста вода за пиење на сите граѓани. Системски продолжува обновувањето на примарната…

Општина Македонска Каменица денес беше домаќин на дечињата од детската градинка „Бамби“

Градоначалничката Соња Стаменкова денеска во својот кабинет ги прими дечињата од ЈОУДГ „Бамби“. При посетата од едукативен карактер, дечињата имаа можност да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа и надлежностите на функцијата градоначалник. Како функционира општината, кои се нејзините ингеренции и одблиску да се зпознаат со начините на кои се менаџираат секторите преку кои…

Започната реконструкција и доизградба на улица „Вера Јоциќ“

Започнаа градежните активности за реконструкција и доизградба на улица „Вера Јоциќ“ во централносто градско подрачје на Македонска Каменица. Улицата„Вера Јоциќ“ е со должина од 470 метри и ширина на коловоз 5,5 метри.  Во склоп на градежните активности се врши вадење на постоечкиот дотраен асфалтен слој, потоа следува поставување на нов тампон и асфалтен слој. Со…

Започна изведба на повеќе градежни активности во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица во рамки на своите овластувања започна со предвидените градежни активности на повеќе локации во градот. „Регулација на дел од речно корито на Каменичка Река и изградба на каскаден праг“ и поставувањето на украсна заштитна ограда околу училишниот двор на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ се дел од повеќето истовремени градежни активности на кои…