СООПШТЕНИЈА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА

Во насока на зајакнување на одржливоста на општинските финансии и унапредување на процесот на фискална децентрализација, една од обврските на Општина Македонска Каменица е редовно и целосно прибирање на данок на недвижен имот од физички и правни лица, како и прибирање на комунална такса за истакната фирма и за користење на простор пред деловен објект…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ, ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ДРУГИ ФОРМИ НА ЗДРУЖУВАЊЕ – КОРИСНИЦИ НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА ЗА 2024 ГОДИНА

Општина Македонска Каменица ги известува невладините организации, здруженија на граѓани и фондации, спортски клубови, како и други форми на здружување – корисници на средства од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2024 година, дека треба да достават финансиски извештај за искористените средства кој ќе ги содржи неколку задолжителни делови: Наративен дел – Во наративниот дел…

ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и правни лица во областа на спортот од Македонска Каменица

Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица и Правилник бр.08-1300/1 од 30.06.2023 година за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани и Одлука бр.08-1447/1 од 24.07.2023 година за измена и дополнување на Правилникот, …

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за проектот „Поставување на сообраќајна сигнализација на ул. Илинденска, ул. Македонска , ул. Александар Македонски, ул. Гоце Делчев, ул. Првомајска како и сите крстосници кои ги формираат наведените улици и изработка на пешачки тротоари на ул. Осоговска…

Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници. Кампањата е подготвена  од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Нашата општина…