Дневен ред на XLII седница на Совет на општина Македонска Каменица

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.5/2002) и член 19 од Статутот на Општина Македонска Каменица (“Службен гласник на Општина M.Каменица” бр.20/2019 и 38/20), Претсeдателот на Советот на ЕЛС Македонска Каменица донесе:

РЕШЕНИЕ

за свикување на  XLII седница на Советот на ЕЛС Македонска Каменица

Седницата ќе се одржи на ден 12.03.2021 година со почеток во 18:00 часот  во „Домот на култура“ во општина Македонска Каменица со следниот:

Дневен ред

  1. Усвојување на предлог-записник од 41та седница на Советот на општина Македонска Каменица.
  2. Предлог- Одлука за усвојување на Завршна сметка на општина Македонска Каменица за 2020  година.          
  3. Предлог-Одлука за усвојување на  Годишен извештај на општина Македонска Каменица за 2020  година.      
  4. Предлог- Одлука за усвојување на Завршна сметка и Годишен извештај на СОУ„ Миле Јаневски Џингар” Македонска Каменица за  2020 година.
  5. Предлог- Одлука за усвојување на Завршна сметка и Годишен извештај на ЈП„ Камена Река ” Македонска  Каменица за  2020 година.
  6. Предлог- Одлука за усвојување на Завршна сметка и Годишен извештај на ЈП„ Доминг ” Македонска  Каменица за  2020 година.
  7. Предлог- Одлука за усвојување на Завршна сметка и Годишен извештај на ЈОУДГ „Бамби” Македонска Каменица за  2020 година.
  8. Предлог- Одлука за усвојување на Завршна сметка и Годишен извештај на ООУ „Св.Кирил и Методиј” Македонска Каменица за  2020 година.
  9. Предлог-Одлука за усвојување  на Самоевалуација и нацрт извештај за извршена самоевалуација за период учебна  2018/2020 година  во ООУ”Св.Кирил и Методиј” Mакедонска Каменица.
  10. Предлог-Одлука за усогласување на намените на бесправно изграден објект во идна урбанистичкo планска документација.
  11. Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за исплатени парични средства за еднократна парична помош за физички лица  за период од 01.01.2020 година до 31.12.2020 година.
  12. Предлог-Одлука за усвојување на Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести  во 2021 година.
  13. Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај на УСК „Каменица Саса“ Македонска Каменица за одобрените парични средстава од општина Македонска Каменица за 2020 година.
  14. Разно.

Совет на општина Македонска Каменица

Претседател Иван Кузмановски

Сподели

Остави коментар