Избран е најповолен понудувач за изградба на фекална канализација за дел од с. Моштица и за дел од Македонска Каменица – Крак 3. Друштвото за производство трговија и услуги ВОД – ВАР ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје, со најниската понудена цена од 4.603.176,90 денари, ќе ја реализира оваа важна инфраструктурна инвестиција.
Со оваа одлука, општината остварува заштеда на финансиски средства од 583.264,00 денари. Средства кои ќе ги насочиме кон други важни проекти за подобрување на квалитетот на живот на сите наши граѓани.
Изградбата на фекалната канализација е од клучно значење за заштита на животната средина и зголемување на хигиената во овие приградски и рурални населени места. Оваа инвестиција ја приближува Општина Македонска Каменица кон повисоки европски стандарди за живеење.
Продолжуваме посветено да работиме на континуирано подобрување на условите за живеење на сите наши граѓани. Заедно градиме подобра иднина за Македонска Каменица!

