ВО САБОТА ЈП „КАМЕНА РЕКА“ ПРОДОЛЖУВА ЕКО-АКЦИЈАТА „ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ“

Во рамки на Програмата за заштита на животната средина на општина Македонска Каменица, во соработка со ЈП Камена Река продолжува започнатата еко-акција за пролетно чистење на јавните површини и диви депонии во градот.

Во текот на претстојниот викенд (сабота 30.03.2019г.) со почеток од 09:00 часот, од страна на општина Македонска Каменица и ЈП Камена Река се организира голема еколошка акција за читење на сметот од повеќе јавни површини, насловена како „Пролетно чистење“.

Кон еколошката акција, повикани да учествуваат се сите заинтересирани граѓани од најразлична возраст, граѓанскиот сектор,  Еко-здруженијата, сите спортисти, потоа претставници на општинската администрација и локалните институции, наставници, професори и ученици, како и пензионерите од градот.

Согласно предвидениот план на активности во склоп на еколошката акција „Пролетно чистење на градот“ ќе бидат опфатени неколку локации во Општината. Односно, ќе се чисти излезот од Македонска Каменица излезот кон Делчево, Каменички рид и м.в „Репетитор“.

Збирни места на заинтересирани граѓани и организации за учество во Еко-акцијата „Пролетно чистење“ ќе бидат пред влезот од ЈП „Камена Река“ и ТППЕ во Македонска Каменица.

ј

Сподели

Остави коментар