Денот на пролетта и екологијата во Македонска Каменица се одбележа со засадување на декоративни садници и еко-акции

По повод Денот на пролетта и Денот на екологијата, денес општина Македонска Каменица во соработка со ЈП Камена Река, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски – Џингар“ спроведе неколку активности. Од страна на вработените во ЈП Камна Река и вработените во општина Македонска Каменица, беа засадени над 100 зимзелени и листопадни садници во централното градско подрачје. Учениците при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и дел од нивните професори учествуваа во чистење на кејот од Каменичка Река, додека пак средношколците со класните раководители учествуваа во чистење на помошните спортски терени во Македонска Каменица.

Денес, во рамки на активностите беа засадени над 100 од вкупно планираните 400 листопадни и зимзелени декоративни садници во централното градско подрачје, акцијата ќе проддолжи и во наредните денови, како дел од пролетното разубавување на градот.

Во еко-акциите на учениците и засадувањето на декоративните садници во центарот на градот од страна на вработените во ЈП Камна Река, учествуваше и градоначалничката Соња Стаменкова заедно со вработените во локалната самоуправа, како и директорите на двете општински училишта во Македонска Каменица

Општина Македонска Камница, во соработка со ЈП Камена Река покрај засадувањето декоративни садници, започнува со редовното хортикултурно уредување на Македонска Каменица. За таа намена се предвидени голем број декоративни сезонски цвеќиња кои ќе бидат засадени на поголем број локации низ градот.

Сподели

Остави коментар