Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица започнува со работа

Од страна на градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова и Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денес во 13:00 часот, ќе биде пуштен во употреба Центарот за лица со посебни потреби во Македонска Каменица.

Во дневниот центар покрај лицата со умерена и тешка интелектуална попреченост на возраст до 18 години, ќе бидат опфатени и постари возрасни лица со инвалидитет. Ќе се изведуваат програмски активности кои ќе се однесуваат на реализација на индивидуална програма за работа за секое лице, но ќе има и програма за групни активности, како и работа со родителите на корисниците. Сево ова ќе овозможи оспособување за самостојно живеење, социјализација и интеграција на лицата со интелектуална попреченост во локалната заедница.

Со реализацијата на оваа иницијатива, општина Македонска Каменица во соработка на МТСП покажува дека проолжува со определбите за вклучување на оваа група граѓани во општеството преку поддршка на предвидени проекти и активности како дел од Програмата за работа на Општината.

 

Сподели

Остави коментар