Доделен школски прибор за сите ученици во Македонска Каменица

„Вкупниот број на ученици во училиштето е 524, дел од нив посетуваат настава во училиштата од селските средини и тоа во село Саса, Моштица и Цера. Оваа година бројот на првачиња е 58, што за разлика од минатите години е бројка со благ пораст на запишани ученици во прво одделение. Учениците, во рамки на училиштето поделени во 8 паралелки, имаат можност да посетуваат настава со продолжен престој која трае до 15 часот“.

 

 

01.09.2018 година – Денес, во ООУ “Кирил и Методиј” во Македонска Каменица со кратка пригодна програма започна новата учебна 2018/19 година. На присутните ученици и родители во училишниот двор покрај директорот на училиштето Габриела Стоименовска, им се обрати и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Која во своето кратко обраќање најпрвин им посака среќа и успех во новата учебна година на учениците, родителите и наставниците. Нагласувајќи дека денешниов ден е празник за новата генерација ученици, која денес како ученици во прво одделение го започнува образовниот процес, а веќе утре ќе ја носи иднината на нашата Општина. Сите ние имаме одговорност во успехот на тој процес, посебно на просветниот кадар и на родителите како креатори на иднината на идните генерации.

Сите ученици од ООУ “Кирил и Методиј” во Македонска Каменица градоначалничката Соња Стаменкова им додели подароци надополнет со школски прибор донаран од Europ’Raid организацијата која што ја посети Македонска Каменица во почетокот минатиот месец. Останатиот дел од донираните материјали претежно се наменети за потребите на ООУ “Кирил и Методиј” и СОУ “Миле Јаневски – Џингар”, како и рамномерно за детска градинка “Бамби”, КИЦ “Романса”, ФК “Каменица САСА, КК Баскет Кам и останати спортски и граѓански здруженија.

Вкупниот број на ученици во училиштето е 524, дел од нив посетуваат настава во училиштата од селските средини и тоа во село Саса, Моштица и Цера. Оваа година бројот на првачиња е 58, што за разлика од минатите години е бројка со благ пораст на запишани ученици во прво одделение. Учениците, во рамки на училиштето поделени во 8 паралелки, имаат можност да посетуваат настава со продолжен престој која трае до 15 часот.

Сподели

Остави коментар