Започна есенската акција „Засади Дрво“ во Македонска Каменица

Учениците при двете општински училишта и дечињата од детската градинка „Бамби“ во Македонсска Каменица го означија почетокот на есенската акција на засадување декоративни садници. Акцијата „Засади Дрво“ вчера и денес се одвиваше во дворовите од училиштата, односно детската градинка „Бамби“ каде дечињата и учениците помогнати од наставниците и вработените во установите засадија вкупно 56 дрвца.

 

 

Акцијата ќе продолжи и во наредниот период, со учество и на останатите установи и институции во општина Македонска Каменица, со цел ополнително разубавување на централното градско подрачје со нови декоративни листопадни и зимзелени дрвја.

Во денешната акција „Засади Дрво“ учествуваше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, која одговори на предизвикот за засадување на дрвца упатен од градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Акцијата во наредниот период, како и денес, ќе се одвива со поддршка од вработените во ЈП „Камена Река“ – Македонска Каменица.

 

Сподели

Остави коментар