Започна изградбата на улица „Даме Груев“

Започна израдбата на улица „Даме Груев“

 

Општина Македонска Каменица во рамки на усвоената Програма за развој и работа за 2019 година, започна со изградба на улицата Даме Груев.
Оваа улица со должина од 650 метри е од огромно значење, бидејќи жителите од оваа населба за прв пат добиваат пристапен пат до своите домови.

 

За изградба на улицата Даме Груев, каде моментално се вршат градежни работи за пробивање на трасата, општина Македонска Каменица издвои 11.167.005,00 денари. Во проектот за изградба на улицата покрај коловозниот дел со ширина од 5,5 метри, предвидени се и две тротоарни патеки со стандардна ширина од 1,5 метри.

Општина Македонска Каменица преку изградбата на нова инфраструктура ќе продолжи со подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните и развојот на општината. Со истиот изведувач, општина Македонска Каменица веќе има склучено договор за изградба на повеќе селски патишта во неколку селски средини за кои ќе издвои дополнителни 15.161.521,00 денар. Краен рок за реализирање на овие проекти е кон крајот на месец мај во 2020 година.

Сподели

Остави коментар