Започна реконструкцијата на Спортската сала во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица

Започна реконструкцијата на спортската сала во Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Моментално се отстранува стариот и дотраен под од Спортската сала, по што ќе започне поставувањето на новиот ултра модерен и стандардизиран под за ваков вид на повеќенаменски училишни спортски објекти.

Со најниска понудена цена од 3.090.000,00 денари на е-аукцијата Друштво за производство, трговија и услуги ГИВ ГРУП ДОО увоз-извоз Скопје е избран за најповолен изведувач. Предвидениот рок за изведба на градежните активности е 5 месеци од денот на потпишување на Договорот за реконструкција и санација.

Со ова, општина Македонска Каменица преку спроведувањето постапката од страна на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ започнува со реалзација на програмските определби и дадени ветувања за зголемена грижа за младите и подобрување на условите за работа во училиштето и спортските клубови во Македонска Каменица.

Сподели

Остави коментар