КОКТЕЛ ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ


Денес, во ресторан „Иднина“, општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“ организираа коктел за лица со посебни потреби од нашиот град. Градоначалникот г-ѓа Соња Стаменкова и финансискиот директор на Рудник „Саса“ г-дин Дејан Спасевски на овие лица им доделија новогодишни пакетчиња, а за возврат добија големи новогодишни честитки.
Поддршката за лицата со посебни потреби и нивната целосна интеграција во општествениот живот, и од општина Македонска Каменица и од Рудник „Саса“ е континуирана и ќе продолжи и во наредниот период.

Сподели

Остави коментар