Концерт на штипскиот „Градски хор“ во Домот на култура – Македонска Каменица

Во организација на КИЦ Романса – Македонска Каменица на 07. Ноември, во четврток, ќе се одржи концерт на мешаниот хорски ансамбал на „Градскиот хор“ од Штип. Ова претставува одлична можност за љубителите на хорската музика од Македонска Каменица и регионот да уживаат во одличните изведби на народните Брала мома капини, Елено ќерко, Билјана платно белеше, Калеш Анѓо, Што ми е мило ем драго и многу други нумери.

Почетокот на концертот е од 19:00 часот. Влезот е слободен.

Сподели

Остави коментар