Културно информативниот центар „Романса“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во соработка со општина Македонска Каменица објавуваат:
ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА МЛАДИ
за литературни творби ( проза и поезија ) на тема
„Миле Јаневски Џингар – од детство до вечноста“
Право на учество имаат сите жители на општина Македонска Каменица не постари од 30 години.
Најдобрите творби ќе бидат наградени со вредносни ваучери:
- прва награда – 3000 ден.
- втора награда – 2000 ден.
- трета награда – 1000 ден.
Творбите треба да се достават во 3 (три) печатени примероци, во шифрирана форма и тоа: во посебен плик да се стават податоците за авторот и пликот да е затворен и на него да се напише шифрата. Творбата и пликот со податоците за авторот да се стави во друг плик на кој ќе е напишана адресата: со назнака на горниот десен агол – За литературен конкурс.
Творбите треба да се достават до просториите на Домот на култура во Македонска Каменица, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Конкурсот трае од 06.04.2021 година заклучно со 19.04. 2021 година. Творбите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат. Бројот на доставени творби не е ограничен.
Прогласувањето на најдобрите творби ќе биде на 28.04.2021 година, во рамки на одбележувањето на патрониот празник на СОУ „Миле Јаневски – Џингар“.
Творбите остануваат во сопственост на КИЦ „Романса“ и СОУ „ Миле Јаневски Џингар“, истите можат да се користат за потребите на општина Македонска Каменица.
Културно информативен центар
„Романса“ Македонска Каменица