Денес, во Салата за состаноци во Домот на култура во Македонска Каменица, градоначалникот Соња Стаменкова ја потпиша „Европската повелба за рамноправност на мажите и жените во локалните заедници“.
„Денес Македонска Каменица станува дел од една силна и извонредна европска иницијатива за рамноправност помеѓу мажите и жените. И покрај сите досегашни напори, силна посветеност и макотрпна работа на маркантни личности, во секојдневниот живот сеуште не постои потполна еднаквост помеѓу половите. Ми претставува огромна чест што оваа Повелба ќе биде потпишана и од наша страна со што ќе станеме дел од големото европско семејство на локални заедници кои ќе преземаат конкретни акции и чекори за полова еднаквост.
„Општина Македонска Каменица нема да застане тука. Потпишувањето на Повелбата е само прв чекор, а во наредниот период ќе изработиме Акционен план и ќе ги дефинираме сите идни активности за целосна полова еднаквост. Ќе продолжи нашата грижа за основните човекови права и потполно искоренување на дискриминацијата по било кој основ. Подеднакво ќе ги вклучиме и мажите и жените во процесите на донесување одлуки на локално ниво и заеднички ќе работиме на надминување на стереотипите“ – изјави Соња Стаменкова – градоначалник на општина Македонска Каменица.
Пред официјалното потпишување на Повелбата, а во организација на општина Македонска Каменица, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и КИЦ „Романса“ беше поставена ликовна изложба и беше оддржано литературно читање на тема „Сите сме еднакви“.