Нов начин на работа на месните заедници во општина Македонска Каменица

Заради реализација на проектот „Граѓаните одлучуваат – креираме граѓански буџет“, градоначалникот Соња Стаменкова оствари средба со претседателите на месните заедници во Македонска Каменица. На средбата е договорено да се организираат состаноци на кои ќе присуствуваат претставници од општинската администрација и претставници на месните заедници, на кои ќе бидат утврдени приоритетните проекти за секоја Месна заедница одделно и за чија реализација ќе бидат предвидени финансиски средства во општинскиот буџет за 2018 година.

Месните заедници во иднина ќе фигурираат како правни субјекти со свои жиро сметки на кои што ќе бидат трасферирани тие средства и од нив ќе можат да ги финансираат проектите во нивна надлежност.

Градоначалникот посочи дека во рамките на овој проект ќе биде инплементирана веб аплиикација каде граѓаните ќе можат да го дадат своето мислење за проритетноста на планираните проекти. На овој начин ќе се зголеми активното учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки.

Сподели

Остави коментар