Врз основа на член 65 став 6 од Законот за животна средина (Сл.весник на Република Македонија бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 ,51/11, ,123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18) Градоначалникот на општина Македонска Каменица, на ден 05.11.2020 година, донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ на Детален урбанистички план за блок 8, КО Каменица , општина Македонска Каменица кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање не е потребно да се спроведе стратегиска оцена за влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Македонска Каменица www.makedonskakamenica.gov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став 4 од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена , донесувањето на планскиот документ Детален урбанистички план за блок 8, КО Каменица, општина Македонска Каменица нема да има влијание врз животната средина од следните причини : Согласно постојниот ГУП на градот Македонска Каменица на предметниот локалитет е предвидена класа на намени А1 –домување во станбени куќи, компатабилните класи на основната, комунална инфраструктура и заштитно зеленило. Според ГУП на Македонска Каменица на предметниот локалитет се предвидуваат содржини кои меѓусебно ги дополнуваат потребите на жителите со можност за присуство на дејности и капацитети што не ја загрозуваат животната срединаво и надвор од локалитетот, а се во согласност со сите финансиски и развојни политики, која се должи на начинот на стопанисување со градежното земјиште кое е во сопственост на имателите на катастарските парцели од што произлезе и потребата за изработка на овој детален урбанистички план за дел од градското подрачје на град Македонска Каменица.
- Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија со седиште на плоштад Пресвета Богородица бр.3 , 1000 Скопје во рок од 15 дена од објавувањето на одлуката на веб страната.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Соња Стаменкова