Одржана јавна расправа за Буџетот на општина Македонска Каменица со претставници од месните заедници

Во просториите на Дом на култура на 15. Декември 2018 година, во присуство на градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, претседателот на Совет на општина Македонска Каменица, Иван Кузмановски, директорот и претставници на Јавното претпријатие „Камена Река“ и претставници на Месните заедници во општина Македонска Каменица, се одржа јавна дебата за утврдување на приоритетите на граѓаните и креирање на Буџетот на општината за 2019 година.

На почетокот на јавната дебата, градоначалничката Стаменкова ја презентираше предвидената развојана програма на општината за 2019 година. Потоа, истата беше разгледувана заедно со претставниците на месните заедници, кои во продолжение ги презентираа приоритетните проекти на граѓаните, со цел подобрување на квалитетот на живот во општина Македонска Каменица.

На средбата, беа договорени и разгледани редица приоритетни проекти и барања на граѓаните од повеќето месни заедници, кои во рамки на програмските определби, развојните програми и Буџет на општина Македонска Каменица за 2019 година, ќе бидат предивидени и етапно реализирани.

Во наредните денови овие јавни расправи ќе продолжат, се со цел да се слушне мислењето на секој граѓанин на општина Македонска Каменица.

Сподели

Остави коментар