Општина Македонска Каменица е домаќин на седмата Седница на Советот за развој на ИПР

Денес во општина Македонска Каменица се одржува седмата Седница на Советот за развој на Источен плански регион (ИПР), на која ќе присуствуваат и Министерот за локална самоуправа, г-динот Сухејл Фазлиу и Директорот на Бирото за рамномерен регионален развој, г-дин Рамиз Реџепи. На оваа Седница на Советот за развој на ИПР покрај останатите точки од Дневниот ред, особено значајна е точката под која се разгледува и утврдува годишната листа на предлог проекти за развој на ИПР за 2019 година. Значаен дел од расправата зема и точката од Дневниот ред за Регионален третман на проблемот со комарците и кучињата – скитници во регионот.

Пред почетокот на Седницата, градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова го изрази личното задоволство и честа што Македонска Каменица е домаќин на седмата по ред Седница на Советот за развој на ИПР, додавајќи „Се надевам дека на Седницата на Совет за развој на Источен плански регион, покрај останатите предвидени точки од Дневниот ред, ќе биде утврдена и годишната листа на предлог проекти за 2019 година и со тоа ќе допринесеме за рамномерен и забрзан развој на општините од регионот. Сакам да нагласам дека ние како Општина, на годишната листа од предлог проекти партиципираме со проектот за Осветлување на Кеј на Каменичка Река и осветлување на мост на Каменичка река, дел од регионалниот патен правец Е3“. Градоначалничката Стаменкова, во својата изјава ја истакна и важноста од регионален третман на проблемот со комарците и кучињата- скитници, „сакам да ја нагласам и издвојам како особено важна, точката од Дневниот ред на Сединцата на Советот за развој на Источен плански регион на која ќе се разгледува регионалниот третман за успешно решавање на проблемот со комарците и кучињата – скитници. Се надевам дека, преку расправа и целисходна дебата ќе успееме да изнајдеме решение и за овој проблем, со кој што се соочуваат скоро сите општини од регионот“.

Стаменкова ја искористи можноста како градоначалник на општина- домаќин на денешната Седница на Советот на ИПР им се заблагодарам за присуството и да им посака пријатен престој во Македонска Каменица на сите учесници и гости на денешната Седница на Советот.

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу на почетокот Седницата на Совет за развој на ИПР се заблагодари на поканата и во својата кратка изјава за медиумите додаде дека „она што на вакви состаноци најмногу ги интересира градоначалниците се буџетските средства за рамномерен регионален развој за наредната година. Владата во својата Програма за работа се определи за континуирано зголемување на капиталните инвестиции за проекти за рамномерен регионален развој“.

Во Буџетот за 2018 година средствата беа зголемени скоро дупло, а за 2019 година се предлага зголемување за над 50  насто или од 4,5 на 7 милиони евра. Споредено со 2017 година имаме зголемување на средствата за рамномерен регионален развој за 100 насто. Владата и Министерството за локална самоуправа, соработка со локалните власти и со меѓународната донаторска заедница, работиме на квалитетни промени кои што ќе го подобрат животот на граѓаните. Во оваа 2018 година од Програмата за рамномерен регионален развој во осумте плански региони се финансирани 98 проекти, од кои 11 во Источниот плански регион, во вкупна вредност од 34 милиони денари. – истакна министерот Фазлиу.

Во понатамошниот дел од изјавата на Сејхел Фазлиу изјави: Со значителното зголемување на средствата за 2019 година, се очекува и зголемување на бројот на проекти за околу 50 насто. Или пак можеби планските региони ќе се определат за помалку проекти со поголема вредност и поголемо влијание на развојниот потенцијал на планскиот регион. Приоритетите ги определуваат планските региони во консултација со граѓанскиот и со бизнис секторот. За нас е важно проектите што се предлагаат да произлегуваат од реалните потреби на граѓаните, да решаваат проблеми и да создаваат услови за развој и на регионот и на општините. Источниот плански регион е еден од поамбициозните во поставувањето на целите, затоа и има резултати. Се надевам дека ќе продолжат со уште поголема динамика.

Следејќи ги насоките за рамномерен регионален развој на општините од ИПР, општини кои добија финасиски средства за проекти кои че се реализираат во 2019 година со средства од Бирото за регионален развој се: Берово, Зрновци, Облешево – Чешиново и Пробиштип.

Во текот на работната средба, од страна на градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова и Претседателот на Источно планскиот регион и градоначалник на општина Кочани, Николчо Илијев на Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и Директорот на Бирото за рамномерен развој Рамиз Реџепи им доделија Благодарница за успешна соработка.

Сподели

Остави коментар