Општина Македонска Каменица распиша тендер за ново јавно улично осветлување

Дистрибутери на светилки, инсталатерски и фирми за одржување, како и која било друга компанија што има соодветна експертиза или допирна точка со јавното улично осветлување, може да се пријави за реализација на ЕСКО проектот финансиран од Регионалната програма за енергетска ефикасност (РЕЕП).

Во таа насока, општина Македонска Каменица денес започна спроведување на отворена тендерска постапка за избор на најповолен изведувач на ЕСКО проектот.    

Општина Македонска Каменица со спроведувањето на овој проект има за цел, заштеда на трошоците, подобра услуга за граѓаните и борба против климатските промени. Станува збор за економски исплатлива инвестиција со која општината практично ќе го отплаќа проектот (преку месечни ануитети) од заштедите на трошоците за енергија кои претходно ги пресметале и утврдиле ЕСКО компаниите. По истекот на договорот, опремата и целокупната заштеда на енергија останува во сопственост на крајниот корисник, во овој случај општина Македонска Каменица.

Линк до отворената постапка тука.

Сподели

Остави коментар