Општина Македонска Каменица ја одбележува „Европската недела на мобилност 2019“

Општина Македонска Каменица ќе ја одбележи „Европската недела на мобилност 2019“, со што на граѓаните ќе им понуди низа активности и содржини посветени на алтернативното и одржливо движење.

На 20. Септември со почеток во 10:30 часот, под мотото „Ден без автомобили“ ќе биде организирана разновидна едукативна програма од дечињата во детската градинка „Бамби“ и учениците при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“. Општина Македонска Каменица и ЕД „Здравец“ ги покануваат граѓаните да земат учество во програмата со многубројни активности што се поврзани со одржливата мобилност, со кои како град ќе испратиме силна порака за користење на алтернативни видови на транспорт.

Патеката на движење на велотурата од дечиња и ученици, ќе започне од паркинг просторот кај ООУ „Св. Кирил и Методиј“ по главната улица Александар Македонки, Самоилова, Осоговска, кон Трговскиот центар – градски пазар и улица Кејска до Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Дечињата од детската градинка „Бамби“, со своето учество во одбележувањето на Европската недела на мобилноста преку испишани транспарент – пораки, ќе се обидат на возрасните им ги покажат предностите од алтернативните начини на движење во урбаната средина.

Европската недела на мобилноста ќе трае од 16 до 22 септември. Оваа година, ќе биде одбележана во над 2.500 градови од Европа и од светот. Со организација на вакви и слични настани ќе испратат силна порака за користење на алтернативните видови транспорт и за комбинирање на одржливите начини на превоз до саканата дестинација.

Сподели

Остави коментар