Повик до граѓаните за присуство на работен состанок за „Придобивки од спроведување на проектот за регионално управување со отпад“

Општина Македонска Каменица ги поканува сите заинтересирани граѓани на Македонска Каменица да присуствуваат на работниот состанок „Придобивки од спроведувањето на проектот за регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион во општина Македонска Каменица“.

На работниот состанок, кој во четврток на 01. Август 2019 г. ќе се одржи во Дом на култура во Македонска Каменица ќе присуствува Ана Петровска, државен секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање и претставници од Министерството за транспорт и врски.

Во рамки на работниот состанок преку презентацијата изложена од претставниците на министерствата, граѓаните ќе имаат можност да се информираат за трајните придобивки на општина Македонска Каменица од овој регионален проект и да се запознаат со сите аспекти и начини на функционирање на системот за складирање и управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион.

 

Сподели

Остави коментар