Поставени фотоволтаични системи во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во Македонска Каменица

 

Со поставувањето на фотоволтаични системи на СОУ „Миле Јаневски Џингар“, започна инсталирањето на истите во општина Македонска Каменица. Во наредниот период фотоволтаични  системи ќе бидат поставени и на  ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и ЈОУДГ „Бамби“, како објекти кои влегоа во Програмата за подобрување на инфраструктурата во руралните средини, поддржана од ИПА – компонентата на ЕУ.

Средствата ги доделува Министерството за финансии, преку Проектот за подобрување на општински услуги и подобрување на инфраструктурата во рурални средини. Станува збор за грант од вкупно 2 милиони евра кои се обезбедени преку ИПА-компонентата на Европската Унија, а се наменети за набавка на фотоволтаични системи. Вакви системи за јавни објекти ќе добијат уште 35 општини од четири региони во државата.

Со инсталирањето на фотонапонските системи ќе се направат значајни заштеди за струја кај овие јавни објекти, со што ќе се намалат трошоците, а истовремено ќе се зголеми и искористеноста на обновливите извори на енергија.

Објектите на кои ќе се инсталираат овие системи ќе можат самите да произведуваат струја преку фотонапонски системи.

Сподели

Остави коментар