Почетен состанок на Локалниот управувачки комитет за изработка на Стратегија за ЛЕР и ЛЕАП за општина Македонска Каменица

Почетен состанок на Локалниот управувачки комитет за изработка на Стратегија за локален економски развој (ЛЕР) и Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) за општина Македонска Каменица.

Денес во просториите на oпштина Македонска Каменица се одржа почетен состанок на Локалниот управувачки комитет за изработка на Стратегија за локален економски развој (ЛЕР) и Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) за периодот 2019-2025 година. Состанокот го отвори локалниот координатор Миран Митревски, а за значењето на овие стратешки документи се осврна и градоначалниќката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова. За начинот и методологијата на изработка на овие клучни документи зборуваше Ѓоко Зороски, консултант. На состанокот присуствуваат 26 учесници – преставници од јавниот, приватниот и НВО секторот, како и други засегнати чинители.

Локалниот еколошки акционен план или ЛЕАП претставува континуитет во планирањето на активностите со цел подобрување на квалитетот на животната средина во нашата општина. Заштита на природните убавини, но притоа да се обезбеди одржлив стопански развој. Содржината и начинот на изработка на Локалниот план за животна средина, ќе обезбеди сознанија за тоа од каде потекнуваат притисоците врз различните медиуми во животната средина, со одговори како подобро да управуваме со нив, како подобро да го планираме урбаниот развој во општина Македонска Каменица, како да се грижиме за природните богатства и истите да ги зачуваме, – истакна Соња Стаменкова, градоначалник на општина Македонска Каменица. Додавајќи дека со дефинирањето на Акциониот план како дел од ЛЕАП-от, ќе се изврши распоред, подредување на приоритети на клучните проблеми и ќе се предложат мерки и активности за решавање на истите. Ќе се трудиме во идното наше заедничко работење, ЛЕАП-от да биде главен патоказ при решавање на еколошките проблеми, но и алатка за изнаоѓање финансиски средства за имплементација на предвидените проекти.

Во обраќањето до присутните, локалниот координатор Миран Митревски најпрвин ги поздрави присутните на настанот Чест и задоволство ми е да го отворам првиот работен состанок за изработка на Локалниот еколошки акционен план и Стратегијата за локален развој на Општина Македонска Каменица  – oпштината во која живееме, твориме и градиме иднина. Стратегијата за локален развој на Општина Македонска Каменица ќе биде подготвена со учество на сите засегнати страни во приоритетнте области: економски развој, развој на туризмот, земјоделството, инфраструктурата и развој на работна сила. Во изработката ќе бидат активно вклучени претставници од бизнис секторот, невладините организации,членови на претставници од локалната самоуправа и јавните претпријатија во периодот јуни – крај на октомври 2019 година.

Основите на овој стратешки документ ќе бидат поставени на неколку еднодневни работилници, а ќе беше доработен во консултација на целиот тим за изработка.

Покрај работата во групи, ќе биде подговена и анкета за утврдување на состојбата, идентификација на проблемите на целните групи, како и прибирање на предлози за општината со цел подобрување на условите за живот и работа на населението во Општина Македонска Каменица. На тој начин, во подготовката на документот сите засегнати страни од свој аспект ќе имаат можност да дадат придонес за развивање на сеопфатен и корисен стратешки документ кој ќе ги отсликува потребите и предлозите на населението од нашата општина, – додаде во своето обраќање локалниот кооринатор, Миран Митревски.

Своето излагање на почетниот Предизвикот на општина Македонска Каменица и тимовите за изработка на Локалниот еколошки акционен план и стратегијата за локален економски развој ќе биде голем, а тоа е успешната имплементација на планот и стратегијата. Искажувам однапред голема благодарност до сите учесници во работните групи, односно тимот за изработка на планот и стратегијата, советниците во Советот, невладиниот сектор, за вашиот придонес за изработка на овие стратешки документи за нашата општина. Брзиот економски развој, социјалниот развој и заштита на животната средина, квалитетот на живеењето и здравјето на сегашните и идни генерации ќе бидат основна водилка во нашето работење.

Сподели

Остави коментар