Продолжува доделувањето на Зелените картички за земјоделците во Македонска Каменица

Подрачната Единица при Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – Делчево на 20. септември 2019 година, во петок со почеток 08:30 часот, во работната канцеларија бр.60 на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Македонска Каменица  ќе ги доделува Картичките за Зелена Нафта.

Сите земјоделци кои имаат поднесено единствено барање во Агенцијата за финансиска подрашка во земјоделството и руралниот развој  за 2018 година да ја посетат канцеларијата и да си ги  подигнат картичките.
Потребно е лична карта како документ.

 

Сподели

Остави коментар