Работни состаноци за изработка на ЛЕР и ЛЕАП на општина Македонска Каменица

 

Општина Македонска Каменица започна со одржување на редовните состаноци за изработка на Локалниот еколошки акционен план (ЛЕАП) и Локален економски развој (ЛЕР).

Работната група за изработка на Локален еколошки акционен план за животна средина (ЛЕАП) за Општина Македонска Каменица, го одржа вториот работен состанок. Покрај воведното обраќање на Координаторот на проектот, на состанокот беа утврдени приоритетните проблеми во рамки на работните групи во областа на јавната свест, земјоделието, биодиверзитетот, воздухот и водата за пиење. Исто така, на состанокот за изработка на ЛЕАП, Работните групи ја утврдија и заедничката визија на засегнати чинители.

По завршувањето на состанокот на Работната група за изработка на ЛЕАП, во просториите на општината, се одржа работен состанок и на Работните групи за изработка на Локален економски развој на општина Македонска Каменица (ЛЕР).
На состанокот беа дефинирани приоритетните области, утврдување на насоките и заедничките вредности како темел за развој на општина Македонска Каменица. На состанокот беше започната изработката на SWOT бизнис анализата, неопходна за изработка на стратегија за развој на бизнис капацитетите во општина Македонска Каменица.

Сподели

Остави коментар