Распишана јавна набавка за изградба и уредување на згради во повеќе месни заедници на општина Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица распиша Јавна набавка за работа – Изградба на објекти за потребите на месните заеници во Општината. Изградба на зграда за потребите на месна заедница во Стара Каменица, изградба на згради за потребите на месна заедница с. Саса (3 броја), изградба на надворешни WC простори за потребите на месна заедница во с. Саса (3 броја), изградба на армирано бетонски настрешници за потребите на месните заедници во повеќеселски средини во општина Македонска Каменица (6 броја).
Проценета вредност на Јавната набавка за работа – Изградба на објекти за потребите на месните заедници, која е во тек е со износ од 8 300 000 денари без ДДВ.

Сподели

Остави коментар