Распишан тендер за изградба на локални селски и маалски пристапни патишта во селските средини во Општината

Општина Македонска Каменица, во рамки на своите овластувања и според планот и програмите за развој на општината за 2019 година, распиша оглас за Изградба и реконструкција на локални и пристапни маалски патишта за селата во општината.

Проценетата вредност на Огласот според кој ќе биде изберена најповолната понуда изнесува 20.000.000,00 денари. Целиот текст од договорот може да се погледне овде.

Предвидените градежни активности ќе започнат веднаш по утврдениот рок за прибирање на понудите за Изградба и реконструкција на локални и пристапни маалски патишта за селата до Општината. Со овој проект ќе бидат опфатени повеќе селски и маалски патишта во селата Цера, Луковица, Тодоровци, Саса, Дулица и Моштица.

Со ова општина Македонска Каменица продолжува со гражените активности поврзани со подобрувањето на условите за живот во селските средини и придонесува за значително олеснување на пристапот до домовите на жителите од овие средини.

Сподели

Остави коментар