РЕШЕНИЕ за свикување на  III (3та) седница на Советот 

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/2002), член 19 од Статутот на општина М.Каменица („Службен гласник на општина M.Каменица” бр.20/2019 и 38/20),a во врска член 43 од  Деловникот на Советот на општина Македонска Каменица („Службен гласник на општина M.Каменица” бр.9/2006 и 38/20), Претсeдателот на Советот на ЕЛС Македонска Каменица донесе:

                                                                Р   Е   Ш  Е  Н  И  Е

                                       За свикување на  III (3та) седница на Советот  на

                                                        ЕЛС   Македонска Каменица

  Седницата ќе се одржи на ден 30.12.2021 година  со почеток во 13:30 часот во салата за состаноци во Домот на културата со следниот:

                                                                     Д н е в е н   р е д                                   

      –Усвојување на предлог- записник од 2та седница    

        на   Советот на   општина М.Каменица          

1.Предлог-Буџет на општина Македонска Каменица за 2022 година, со сценарија на Буџетот за 2023 и 2024 година.

2.Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Македонска Каменица за 2022 година.

3.Предлог-Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на административните службеници за 2022 година.

4.Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко проектна документација на подрачјето на општина Македонска Каменица за 2022 година. 

5.Предлог-Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија  на подрачјето на општина Македонска Каменица за 2022 година

6.Предлог-Програма за одржување на јавната чистота на територијата на општина Македонска Каменица за 2022 година.

7.Предлог-Програма за извршување на јавни работи за 2022 година во општина Македонска Каменица. 

8.Предлог-Програма за работа и развој на ЈП “Камена Река” Македонска Каменица за 2022 година.

9.Предлог-Одлука за усвојување на Програма за работа  на TППЕ при општина Македонска Каменица за 2022 година.

10. Предлог – Решение за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ЈП„Камена Река” Македонска  Каменица.

11.Предлог- Решение за разрешување и именување на членови на Одборот за материјално финансиско работење на ЈП„Камена Река” Македонска  Каменица.

12. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ЈП„Доминг” Македонска  Каменица.

13.Предлог -Решение за разрешување и именување на членови на Одборот за материјално финансиско работење на ЈП „Доминг” Македонска Каменица.

14.Предлог-Одлука за формирање на Општински совет за социјална   заштита на Општина Македонска Каменица.

15.Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на   Живка Костовска од Македонска Каменица.

16.Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Тони Симоновски од Македонска Каменица.

17.Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на  Дарка Ангеловска  од Македонска Каменица.

18.Разно.

                                                                                         Совет на општина М.Каменица

Претседател

Љупчо Трајановски

Сподели

Остави коментар