Средба на ловџиите од Македонска Каменица со рековорителот на Сектор на шумарство и ловство

Македонска Каменица, 27.09.2019 година – Вчера во Домот на култура во Македонска Каменица, раководителот на Секторот за шумарство и ловство, Саша Јовановиќ оствари работна средба со ловците и граѓаните на општина Македонска Каменица.

Во рамки на средбата беше разговарано за начините за решавање на проблемите за заловување на територијата на општина Македонска Каменица. Раководителот Јовановиќ посочи дека во насока на решавање на овој долгогодишен проблем, се работи интензивно и веќе на наредната седница на Влада на РСМ, со одлука ќе биде одредено Ловиште Македонска Каменица времено да биде предадено во владение на „Национални шуми“. На тој начин ќе биде олеснета постапката  кај ловците за вадење на дозвола за вршењена  лов.

Дополнително, како зачната тема на работната средба на која присуствуваа и претставници од локалната самоуправа од Општината, на чело со директорот на ЈП Камена Река беше и пошумувањето на  територијата на општина Македонска Каменица со видови на дрвја кои се погодни за ова поднебје. Исто така, од претставници на Здружението на пчеларите беше побарано разгледување на можноста за засадување на медоносни дрвја, со што дополнително би се збогатила територијата на испраша на пчели.

х

Сподели

Остави коментар