Успешно спроведена екоакцијата „За почиста Македонска Каменица“

Македонска Каменица, 15. 09 2019 година – Претставници на локалната самоуправа, Јавното претпријатие, грагански здруженија и организации, членови на спортски клубови и пензионери земаа активно учество во денешната екоакција за чистење на јавните површини во општина Македонска Каменица.

„Најпрвин сакам да упатам голема благодарност до сите граѓани кои земаа учество во денешната успешно спроведена акција „За почиста Македонска Каменица“. Покрај чистењето на јавните површини на територијата на општина Македонска Каменица, со спроведувањето на „За почиста Македонска Каменица“ ги исполнивме целите на акцијата за будење на заедничката грижа за чиста животна средина и поттикнувањето на свеста и општествената одговорност кај граѓаните. Во следниот период, ќе следуваат и други екоакции на повеќе локации во Општината, но од граганите барам совесно да ја почитуваат и чуваат чиста животната средина“, – изјави градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

Влатко Андоновски, директор на Јавното претпријатие „Камена Река“ задолжено за јавната и комунална чистота во Македонска Каменица изјави „Ние како Јавно претпријатие, во денешната екоакција покрај учеството на наши вработени, активно сме вклучени и со ресурсна поддршка од крупна механизација, потребна за депонирање на собраниот смет и ѓубре. Обезбедивме заштитни ракавици, ќесиња за отпад и освежителни пијалоци за учесниците“.

Токму ваквиот однос кон исчистената животна средина и заедницата е потребно да се оддржува. Апелирам до сограганите да ја оддржуваат чиста урбаната градска средина и сега исчистената површина околу магистралниот пат на влезовите во Македонска Каменица, – додаде Андоновски.

Во денешната екоакција беше чистен просторот околу влезовите во градот и градската депонија во Македонска Каменица. Ова е трета по ред екоакција во која каменичани годинава учестуваат за чистење на јавните површини во градот. Најавени се уште уште неколку екоакции, кои ќе бидат спроведени на други локации, а ќе биде опфатено и чистење на постоечки и нотирани диви депонии во селските средини.

За преглед на целосната фотогалерија од екоакцијата кликни тука.

Сподели

Остави коментар