Фонд за иновации објавува јавен повик за млади истражувачи во основните и средните училишта

Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за образование и наука објавуваат повик за млади истражувачи од основните и средните училишта во Македонија.

„Една од целите на современите образовни системи е да ги поттикне учениците слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат. Истовремено е важно да се негува детската љубопитност за осознавање на светот на начин кој ќе ги преиспитува однапред дефинираните вистини. Да се поттикнат наставниците и наставничките, ученичките и учениците да ги препознаат своите способности, да ги усовршуваат своите вештини и да соработуваат во насока на остварување на заеднички цели. Само така ќе можеме да израснеме генерации кои ќе го унапредат начинот на кој размислуваме, начинот на кој ги практикуваме секојдневните активности и меѓусебно комуницираме“.

Целосниот повик и потребните документи за аплицирање можете да ги погледнете на официјалната интернет страница на Фондот за иновации и технолошки развој.

http://www.fitr.mk/predizvikzamladi2/?fbclid=IwAR28Qbc_rqKSIeD0akJBf-_KQ3yQboLkfJ8k4t0w_Vop-YVGCc4oG0wlX4Y

 

Сподели

Остави коментар