Јавен оглас за реконструкција на спортската сала во ООУ „Св. Кирил и Методиј“

Општина Македонска Каменица продолжува со реновирање на спортските објекти и училиштата. За таа цел, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица распиша оглас за заинтересирани понудувачи за реконструкција на спортската сала во склоп на училиштето. Во оваа прва фаза од предвидената целосна реконструкција е планирано целосно да биде сменет дотраениот под од теренот на игралиштето. 

 

Обновата на спортските комплекси, кои долго време не се чепнати, е дел од програмата на локалната самоуправа за изградба и реновирање на постојни спортски капацитети во општина Македонска Каменица и дел од приоритетите во изборната програма на градоначалничката, Соња Стаменкова.


Целиот оглас можете да го погледнете овде.

Сподели

Остави коментар