ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Започна постапката за формирање на Совет на млади на општина Македонска Каменица. Тој треба да функционира како советодавно тело на  кое ќе има за цел да ги застапува интересите на младите. Советот на млади ќе има приоритетна улога во лоцирањето и дефинирањето на проблемите со кои се соочуваат младите во Македонска Каменица, во предлагањето на решенија за надминување на тие проблеми, како и учество во процесите за управување на локалната самоуправа. Очекувањата се дека Советот на млади преку трибини, работилници и семинири ќе делува за активирање на младите во процесите на донесување на одлуки.

Во продолжение е интегралниот текст од Јавниот повик за предлагање на кандидати за членови на Советот на млади на општина Македонска Каменица.

 

Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002) , Статутарната Одлука за измена и дополнување на Статутот на општина М.Каменица („Службен гласник на општина М.Каменица бр.19/2014), и Одлуката за формирање на Совет на млади на општина Македонска Каменица  (Службен гласник на општина М.Каменица  бр.7/18), Советот на oпштина Македонска Каменица објавува

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

1.Се отпочнува постапка за избор на членови на Советот на млади на oпштина Македонска Каменица.

Советот на млади на oпштина Македонска Каменица е советодавно тело на Советот на општина  Македонска Каменица, основано заради подобрување на положбата и решавање на проблемите на младите во општината.

Во Советот на млади на oпштина Македонска Каменица можат да членуваат млади со постојано место на живеење на територијата на општина Македонска Каменица  со старосна граница од 15 до 30 години.

2.Советот на млади на oпштина Македонска Каменица  брои 5 членови.

Советот на млади од своите редови избира претседател.

Членовите на Советот на млади на oпштина Македонска Каменица се бираат со мандат од две години.

3. Право на предлагање на кандидати за членови во Советот на млади на општина Македонска Каменица  имаат: Невладини организации и Здруженија на млади, ученички совети, студентски совети и други регистрирани облици на организирање на младите.

4.При предлагањето на кандидатите се поднесуваат следните документи кои се во прилог на овој јавен повик :

– Решение од Централен регистар на РМ за регистриран облик на здужување не постара од шест месеци;

-(Предлог за кандидат за член на Советот на млади на oпштина Македонска Каменица.);

-(Согласност за прифакање на кандидатурата за член на Советот на млади на oпштина Македонска Каменица.)

-Документација од која е видливо дека кандидатите ги исполнуваат условите од точка 1 од овој јавен повик (Извод од матична книга на родените или фотокопија од лична карта ).

-Кратка биографија на кандидатот

Потребните обрасци од точка 4 кои се прилог на потребната документација можат да се подигнат во архивата на oпштина Македонска Каменица .

Ненавремено доставени документи и нецелосна документација нема да се разгледува.

5.Рокот за поднесување на предлози за кандидат за членови на Советот на млади на oпштина Македонска Каменица e 8 дена од објавувањето на овој Јавен повик.

Предлозите за кандидати за членови на Советот на млади на oпштина Македонска Каменица , со назнака “Предлог кандидат за избор на членови на Советот на Млади на oпштина Македонска Каменица ”, се доставуваат на адреса oпштина Македонска Каменица ул.„Каменичка“. бр.2, Македонска Каменица  со назнака за Комисија за мандатни прашања избори и именувања,:

Јавниот повик ќе биде објавен на огласна табла и на ВЕБ страната на oпштина Македонска Каменица.

 

Сподели

Остави коментар