ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ ИНТЕРЕС

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ ИНТЕРЕС

(за невладини организации, здруженија на граѓани, спортски клубови и други правни лица чии програмски активности може да бидат финансирани од буџетот на општина Македонска Каменица)

Општина Македонска Каменица започна со подготовка на буџетот за 2019 година. Од таа причина ги повикуваме сите невладини организации, здруженија на граѓани, спортски клубови и други правни лица чии програмски активности можат да бидат финансирани од општинскиот буџет, да достават кратка програма со финансиска конструкција, со цел навремено предвидување и правилно распоредување на финансиските средства. Сите заинтересирани субјекти, кратката програма и финансиската конструкција треба да ги достават најдоцна до 05.12.2018, во просториите на општина Македонска Каменица.

Лице за контакт: Драган Ѓорѓиевски

Телефон за контакт: 071 378 329

 

 

 

 

Сподели

Остави коментар