Акција за заловување на кучиња скитници во Македонска Каменица

Во текот на вчерашниот ден во Македонска Каменица се одвиваше акција за заловување на кучиња скитници.

Служби на ВСЦ „Тодор Ангелов“ од Куманово задолжени за заловување на кучиња скитници на територијата на општина Македонска Каменица, врз основа на претходно склучен Договор за услуги, во акцијата успеаа да заловат вкупно 7 кучиња скитници. Истите во понатамошниот третман ќе бидат сместени во стандардизирано прифатилиште, како и третирање со вакцинација и кастрација.

Општина Македонска Каменица ги замолува жителите, до надлежните да пријавуваат појави на кучиња скитници, за истите да бидат навремено третирани и со тоа да се одбегнат несакани последици по здравјето и безбедноста на граѓаните.

Сподели

Остави коментар