Велигденска изложба во Дом на култура во Македонска Каменица

По повод претстојните Велигденски празници, денес во Македонска Каменица се одржа изложба на најубаво украсено Велигденско јајце. Изложбата е во организација на „КИЦ-Романса“ и ООУ „Св Кирил и Методиј“, во соработка со општина Македонска Каменица.
Изложбата која започна во 12.00.часот, во просториите на Дом на култура на Македонска Каменица имаше хуманитарен карактер. Велигденските јајца се продаваа по симболична цена, а средствата ќе бидат наменети во хуманитарни цели.

„Прекрасна изложба во пресрет на Велигденските празници на најубаво украсено велигденко јајце, во организација на „Киц Романса“ од Македонска Каменица, во соработка со ООУ „СВ Кириј и Методиј” и поддршка  која се одржа до Дом на Култура на Македонска Каменица. Нашите дечиња, уште еднаш покажаа дека знаат да бидат креативни со своите декорации“.- изјави Горан Огнановски, директор на КИЦ „Романса“

Сподели

Остави коментар