Заловување на кучиња скитници во Македонска Каменица

Во текот на денешниот ден се одвиваше акција за заловување на кучиња скитници на територија на општина Македонска Каменица. Служби на ВСЦ „Тодор Ангелов“ од Куманово задолжени за заловување на кучиња скитници на територијата на општина Македонска Каменица, врз основа на претходно склучен Договор за услуги, во денешната акција успеаа да заловат вкупно 9 кучиња скитници. Истите во понатамошниот третман ќе бидат сместени во стандардизирано прифатилиште, како и третирање со вакцинација и кастрација.

Општина Македонска Каменица ги замолува жителите, до надлежните да пријавуваат појави на кучиња скитници, за истите да бидат навремено третирани и со тоа да се одбегнат несакани последици по здравјето и безбедноста на граѓаните.

Сподели

Остави коментар