Македонска Каменица втора во источниот регион по активна транспарентност

Македонска Каменица втора во источниот регион по активна транспарентност

Листата за активна транспарентност, e утврдена по претходни истражувања, од страна на Центарот за граѓански комуникации, преку (УСАИД) Агенцијата на САД за меѓународен развој, на која општина Македонска Каменица се најде на 2 место, од источниот регион, веднаш зад Берово.

Источниот Регион е лидер помеѓу регионите според активната транспарентност во 2019 годин.Просечното исполнување на обврските од 62%, за разлика од ланските 46,1% е значаен напредок во транспарентноста на општините според направените анализи.

Годинешново 2 место во регионот, споредбено со едно од последните места во минатата година покажува дека Македонска Каменица, има значаен напредок во работењето на полето и подобрувањето на активната транспарентност.

Во вкупниот ранг, помеѓу 83 општини, Македонска Каменица се најде на 14 то место, што е исто така добар показател за транспарентноста на општината.

Сподели

Остави коментар