Македонска Каменица дел од општините каде се реализирани 135 проекти преку МСИП

Денес во Клуб на Пратеници се одржа завршниот настан за ЕУ ИПА грантовите за рурална инфраструктура.

Општина Македонска Каменица и останати 77 локални самоуправи во изминатиот период добија средства преку грант доделен од оваа програма која ја администрира Светска Банка, а ја спроведува Министерството за финансии.

Европската унија е одлучна да биде уште поприсутна во општините ширум земјава – тврди евроамбасадорот, Самуел Жбогар. Според него, не е важно само да се инвестира, туку и да се одржува она во што е инвестирано, но и да се зголеми свеста на граѓаните.

Во рамките на овој проект, во руралните средини на 78 општини се реализирани 135 под-проекти во вкупна вредност од 1,3 милијарди денари. Со оваа сума се реконструирани патишта, но и јавни згради, набавена е комунална опрема, инсталирани се фотоволтаични системи, но изградени се градинки и училишта. Паричните средства, се искористени во партнерство со Светска банка, а директорот на Канцеларијата во Скопје, Марко Мантованели информира дека во тек се разговори за да се обезбедат нови 78 милиони евра за патишта.

Надлежните порачаа дека со обезбеден рамномерен развој се обезбедува и напредок во државата. Според нив, капиталните инвестиции, претставуваат инвестиција во лична изградба и иднина.

Сподели

Остави коментар