Одбележување на 11 Октомври – Ден на востанието на македонскиот народ

Македонска Каменица 11.10.2019 година – Почитувајќи ја историјата и нејзините придобивки градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, со своја делегација положи свежо цвеќе пред Споменикот на народниот херој Вера Јоциќ во нашиот град. На одбележувањето на 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ, свежо цвеќе положија претседателот и членови на Советот на општната, претставници од Здружението на пензионери од Македонска Каменица, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, СОУ „Миле Јаневски Џингар“, ЈП „Камена Река“, КИЦ „Романса“, како и претставници на дел од Општинските организации на политичките партии во Македонска Каменица.

Оваа година, ученици при СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во рамки на одбележувањето на 11 – Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ, пред присутните на платото пред споменикот на народниот херој Бера Јоциќ, читаа реферати за занчењето на 11- Октомври и рецитираа стихови со тема од НОБ.

Делегација предводена од градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова и директорот на ЈП Камена Река – Македонска Каменица, Влатко Андоновски, членови на Советот на општината, директори и раководители од локалната самоуправа положија свежо цвеќе на вечното почивалиште и споменик на народниот херој Вера Јоциќ, во село Саса.

Сподели

Остави коментар