Пуштен во употреба објектот за потребите на месната заедница во Стара Каменица

Денес во Стара Каменица официјалното беше предаден во употреба објектот кој општина Македонска Каменица ги изгради за потребите на жителите оваа месна заедница. На настанот, покрај локалното население, присуствуваше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, членови на Совет на општина Македонска Каменица, директори на институции и претставници од локалната самоуправа.

Во своето обраќање пред присутните сограѓани, градоначалничката Стаменкова изрази задоволство што жителите на оваа приградска средина конечно добиваат објект кој е изграден токму според нивните потреби и барања. Со ова општина Македонска Каменица, како што истакна Стаменкова продолжува да работи на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.

Минатата година, во насока на задоволување на елементарните услови и потреби за функционирање на месните заедници покрај објектот во Стара Каменица, изградени се објекти и во селата Тодоровци, Косевица, Дулица и неколку во село Саса.

 


Сподели

Остави коментар