Работен состанок со угостителите во пресрет на „Каменичко културно лето 2019“

Во пресрет на претстојното Каменичко културно лето 2019 година и одбележувањето на Денот на рударите „Успение на Пресвета Богородица“ – 28. Август и Ден на општина Македонска Каменица, градоначалничката Соња Стаменкова ќе одржи работен состанок со угостителите од Македонска Каменица.

На работниот состанок, присутните претставници од угостителството ќе бидат запознаени со репертоарот и времетраењето на програмата од Каменичко културно лето 2019 и условите за закуп на простор за штанд на Градскиот плоштад. Овој работен состанок се организира со цел преку заеднички разговори, водени во насока на почитување на обврските и создавање на подобри услови за работа, сите заедно да допринесеме во беспрекорна организација на најголемиот настан во годината во Македонска Каменица.

Состанокот започнува во 11:00 часот, во просториите на општина Македонска Каменица.

Сподели

Остави коментар