Спроведена акција за заловување кучиња скитници во Македонска Каменица

03.04.2019 година – Служби на ВСЦ „Тодор Ангелов“ од Куманово задолжени за заловување на кучиња скитници на територијата на општина Македонска Каменица, врз основа на претходно склучен Договор за услуги, во денешната акција успеаа да заловат вкупно 10 кучиња скитници. Истите во понатамошниот третман ќе бидат сместени во стандардизирано прифатилиште, како и третирање со вакцинација и кастрација.

Општина Македонска Каменица ги замолува жителите да пријавуваат појави на кучиња скитници, за истите да бидат навремено третирани и со тоа да се одбегнат несакани последици по здравјето и безбедноста на граѓаните.

За заловување на кучиња скитници, Општина Македонска Каменица за склучениот договор со ВСЦ „Тодор Ангелов“ од Куманово издвои 295 000 денари.

Сподели

Остави коментар