АКТИВНОСТИ

Велигденска изложба во Дом на култура во Македонска Каменица

По повод претстојните Велигденски празници, денес во Македонска Каменица се одржа изложба на најубаво украсено Велигденско јајце. Изложбата е во организација на „КИЦ-Романса“ и ООУ „Св Кирил и Методиј“, во соработка со општина Македонска Каменица. Изложбата која започна во 12.00.часот, во просториите на Дом на култура на Македонска Каменица имаше хуманитарен карактер. Велигденските јајца се…

Проект „МЛАДИНСКА КАРТИЧКА“ за зголемување на можностите на младите во Македонска Каменица

Агенцијата за млади и спорт го имплементира проектот „Младинска картичка“ кој нуди попусти за млади од 15 до 29 години, во разни области кои се од интерес на младите и се дел од секојдневието на еден млад човек. За таа цел упатуваме апел до сите правни субјекти од општина Македонска Каменица да се приклучат во…

Спроведена акција за заловување кучиња скитници во Македонска Каменица

03.04.2019 година – Служби на ВСЦ „Тодор Ангелов“ од Куманово задолжени за заловување на кучиња скитници на територијата на општина Македонска Каменица, врз основа на претходно склучен Договор за услуги, во денешната акција успеаа да заловат вкупно 10 кучиња скитници. Истите во понатамошниот третман ќе бидат сместени во стандардизирано прифатилиште, како и третирање со вакцинација…

Одбележан 1.Април – „Денот на шегата“ во Македонска Каменица

Денес во организација на ЈОУДГ „Бамби“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица се одбележува 1-ви Април, Денот на шегата. Дечињата облечени во најразлични маски го окупираа градот со смеа, радост, детски песни и игри. Маските беа празник за очите на нивните родители, баби и дедовци, роднини, другарчиња и многубројни граѓани кои излегоа…

Во рамки на Програмата за заштита на животната средина на општина Македонска Каменица, во соработка со ЈП Камена Река продолжува започнатата еко-акција за пролетно чистење на јавните површини и диви депонии во градот. Во текот на претстојниот викенд (сабота 30.03.2019г.) со почеток од 09:00 часот, од страна на општина Македонска Каменица и ЈП Камена Река…