ПРОГРАМИ

ЈАВЕН УВИД И ПОКАНА ЗА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЦРТ АКЦИСКИОТ ПЛАН ЗА ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА И КЛИМА НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Општина Македонска Каменица ја објавува на јавен увид нацрт-верзијата на Акцискиот план за одржлива енергија и клима (СЕКАП) за периодот 2026-2030 година, со цел граѓаните и сите заинтересирани страни да се запознаат со неговата содржина и да се вклучат во процесот на негово доработување. СЕКАП претставува стратешки документ со кој се утврдуваат приоритетите и мерките на…

Јавно известување за учество на засегнатата јавност во јавниот увид и одржување јавни расправи по нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионалниот план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион (РПУ за ИПР и СИПР)

Се информира широката засегната јавност, особено органите засегнати во Источниот и Североисточниот плански регион, општините кои ги сочинуваат планските региони и граѓаните, дека во рамките на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за Претпристапна помош (ИПА), подготвен е нацрт…

Ацо Пејовиќ доаѓа во Македонска Каменица на 28 август

„Каменичко културно лето 2026“ ќе има голема завршница со настапот на една од најпознатите балкански музички ѕвезди. На 28 август, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, ќе настапи Ацо Пејовиќ. Пејовиќ доаѓа со комплетен состав, а публиката ја очекува големо музичко шоу кое ќе трае повеќе од два часа. Во текот на концертот ќе бидат…

Мирза Селимовиќ доаѓа во Македонска Каменица на „Каменичко културно лето 2026“

Босанската поп ѕвезда и еден од најизвонредните вокали на Балканот, Мирза Селимовиќ, доаѓа во Македонска Каменица во рамките на „Каменичко културно лето 2026“. Големото музичко шоу е закажано за 27 август на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, каде публиката ќе има можност да ужива во неговите познати хитови и препознатливиот вокал. Мирза Селимовиќ важи за…

Бојан Илиевски ќе настапи на првата вечер на „Каменичко културно Лето 2026“

Победникот на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2025/2026, Бојан Илиевски, е еден од изведувачите кои ќе настапат на првата вечер од овогодишното „Каменичко културно Лето“. Бојан Илиевски, кој со својот музички талент и впечатлив вокал го освои првото место во популарното регионално музичко натпреварување, ќе настапи на 26 август на Градскиот плоштад во Македонска…