Дневен ред на XLIII седница на Совет на општина Македонска Каменица

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.5/2002) и член 19 од Статутот на Општина М.Каменица (“Службен гласник на Општина M.Каменица” бр.20/2019 и 38/20), Претсeдателот на Советот на ЕЛС Македонска Каменица донесе:

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на XLIII (43та) седница на Советот на
ЕЛС Македонска Каменица

Седницата ќе се одржи он-лајн преку апликацијата ZOOM на ден 09.04.2021 година со почеток во 11:00 часот со следниот:
Д н е в е н р е д
-Усвојување на предлог- записник од 42та седница на Советот на општина Македонска Каменица

  1. Предлог-Правилник за правото на користење, начинот и висината на одредување на еднократна парична помош.
  2. Предлог-Правилник за остварување на еднократна парична помош за еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители.
  3. 3.Предлог-Oдлука за определување на крајбрежниот појас на водотеци во плански опфат на ДУП на Македонска Каменица за блок 8.
  4. Предлог-Одлука за давање согласност за кофинансирање.
  5. Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за работењето на TППЕ Македонска Каменица за периодот од 01.01.2020 година до 31.12.2020 година.
  6. Предлог-Одлука за усвојување на Локален Aкционен План за родова рамноправност на општина Македонска Каменица за периодот 2021-2022 година.
  7. Предлог-Одлука за усвојување на Самоевалуација и нацрт извештај од извршена самоевалуација за период учебна 2018/2020 година во СОУ„Миле Јаневски Џингар” Mакедонска Каменица.
  8. Предлог-Oдлука за усвојување на Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источен плански регион 2015-2019 година (која се применуваше и во 2020 година) за 2020 година.
  9. Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2020 година.
  10. Предлог- Одлука за утврдување на распоред на советници за склучување на брак за 2021 година.
  11. Предлог- Oдлука за доделување на парична помош на ЗГ„ОБНОВА ГЛОБАЛ“ Струмица.
  12. Предлог-Одлука за доделување на парична средства на Црвен крст на РСМ Општинска организација Делчево.
  13. Предлог-Решение за разрешување и именување на член на Училишен одбор во ООУ„Св.Кирил и Методиј“ Македонска Каменица.
  14. Разно.

Совет на општина Македонска Каменица

Претседател Иван Кузмановски

Сподели

Остави коментар