Информација за достапност на Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Измена на методот за откопување во наоѓалиштето Свиња река – примена на метод на откопување со заполнување на откопните простори и суво одлагање на јаловината во рудникСАСА“ ДООЕЛ, општина Македонска Каменица и информација за одржување на јавна расправа

Врз основа на член 90 став 1 алинеја 3 од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/2014, 44/2015 ,129/2015 , 39/2016, 99/18 и 89/22) и член 4 од Правилникот за содржина на објавата на известувањето за намерата за спроведување на проект, на решението за потребата на оцена на влијанието на проектот врз животната средина, на студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, на извештајот за соодветноста на студијата за оцена на влијанието врз животната средина и на решението со кое дава согласност или се одбива спроведувањето на проектот, како и начин на консултирање на јавноста („Службен весник на Република Македонија“ бр.33/06), Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Рудник за олово и цинк САСА, со седиште на ул. “Рударска“ бр.28 во општина Македонска Каменица, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Измена на методот за откопување во наоѓалиштето Свиња река – примена на метод на откопување со заполнување на откопните простори и суво одлагање на јаловината во рудникСАСА“ ДООЕЛ, општина Македонска Каменица и истата е достапна за увид.

Со проектот се предвидува измена на методот за откопување во наоѓалиштето Свиња река со примена на метод на откопување со заполнување на откопните простори и суво одлагање на јаловината. Се прдвидува комбинација од складирање на јама од скоро 50% во форма на заполнување со паста, користење на суво одлагање на површината на старите рекултивирани хидројаловишта и продолжување со употреба на хидројаловиште бр.4.

Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk , и  во општина Македонска Каменица како и на следниове линкови

Проекти користени во ОВЖС Студија за рудник САСА

Извештаи од анализи на води

Студија за овжс 11.05.2022

Не техничко резиме 11.05.202

Не техничко резиме

Секое лице, органите на државната управа, градоначалниците на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, можат да го достават своето мислење, во писмена форма, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина.

Јавната расправи по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Измена на методот за откопување во наоѓалиштето Свиња река – примена на метод на откопување со заполнување на откопните простори и суво одлагање на јаловината во рудник САСА“ ДООЕЛ, општина Македонска Каменица ќе се одржи на

  • 26 мај 2022 година (четврток), во Салата на советот на општина Македонска Каменица со почеток во 12.00 часот

 

Контакт лица:

Управа за животна средина

Министерство за животна средина и просторно планирање

infoeko@moepp.gov.mk ,

по пошта на адреса:, плоштад Пресвета Богородица

бр.3, 1000 Скопје.

 

Марија Стојановска

Раководител на СЗЖС, Рудник САСА, Македонска Каменица

Тел. 033 279 200, 033 279 253 емиал m.stojanovska@sasa.com.mk

 

Сподели

Остави коментар