Јавен повик за пројавување интерес

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ ИНТЕРЕС

(за невладини организации, здруженија на граѓани, спортски клубови и други правни лица чии програмски активности може да бидат финансирани од буџетот на општина Македонска Каменица)

Општина Македонска Каменица започна со подготовка на буџетот за 2022 година. Од таа причина сите невладини организации, здруженија на граѓани, спортски клубови и други правни лица чии програмски активности можат да бидат финансирани од општинскиот буџет, потребно е да достават кратка програма со финансиска конструкција, со цел навремено предвидување и правилно распоредување на финансиските средства.
Сите заинтересирани субјекти, кратката програма и финансиската конструкција треба да ги достават најдоцна до 15.12.2021 година, во просториите на општина Македонска Каменица.

Општина Македонска Каменица

Градоначалник

Димчо Атанасовски

Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот:

ЈАВЕН ПОВИК

            Се известуваат сите заинтересирани Здруженија на граѓани и фондации; спортски клубови и други форми на здружување во областа на спортот дека, согласно Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица за 2022 година, Градоначалникот објавува јавен повик за доставување на барање за финансиска поддршка од Буџетот на Општина Македонска Каменица.

            Доколку сакате Вашите активности да бидат финансиски поддржани од Буџетот на Општина Македонска Каменица, потребно е да доставите барање до Советот на Општина Македонска Каменица.

            Со барањето потребно е да доставите:

  • Тековна состојба (да не биде постара од шест месеци од денот на издавање до денот на поднесување на апликацијата);
  • Статут;
  • Годишна програма за работа;
  • Листа на реализирани проекти, домашни и заеднички проекти со Општината (доколку Здружението постои повеќе од една година).

Јавниот повик се однесува за Здруженија на граѓани и фондации; спортски клубови и други форми на здружување во областа на спортот, чие седиште е на територијата на Општина Македонска Каменица.

Потребната документација треба да се достави во текот на месец јануари 2022 година, заедно со посебен формулар кој може да го превземете од WEB страната на Општина Македонска Каменица www.makedonskakamenica.gov.mk или пак да се подигне во просториите на Општина Македонска Каменица, за што ќе бидат објавени дополнителни и поопширни информации.

Сподели

Остави коментар