Започна изведба на повеќе градежни активности во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица во рамки на своите овластувања започна со предвидените градежни активности на повеќе локации во градот. „Регулација на дел од речно корито на Каменичка Река и изградба на каскаден праг“ и поставувањето на украсна заштитна ограда околу училишниот двор на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ се дел од повеќето истовремени градежни активности на кои моментално се работи.

Изведувач на активностите, кои опфаќаат изграба на регулационен дел во должина од 125 метри и каскаден праг на Каменичка Река е „Стоименов“ ДООЕЛ од Кочани.  Вредноста на проектот изнесува 5 632 124 денари.

Градежните активности започнати во централното градско подрачје ги изведува „Класик Компани 2010“ ДООЕЛ – Охрид. Предвидено е поставување на украсна заштитна ограда во должина од 90 метри околу средното училиште како дел од Договорот склучен за изведување на „Бетонски работи и партерно уредување на површини во Македонска Каменица“.

Со ова ги започнавме градежните активности поврзани со урбаното доуредување на просторот од овој дел од централното градско подрачје и обезбедување на дополнителна заштита на учениците при нивното движење во училишниот двор од училиштето.

Градоначалничката на општина Македонска Каменица со стручен тим составен од градежници и соработници од Одделението за урбанизам изврши увид на терен за текот и интензитетот на извршување на градежните активности.

п

Сподели

Остави коментар